јавен говор
Станете и зборувајте! Искористете ја можноста да ја примените теоријата во пракса! Директно соочете се со предизвиците на јавното говорење! Единствена можност за сопствена евалуација и евалуација на другите!

„Слушнав и заборавив. Видов и запаметив. Направив и знам!“ Древна кинеска поговорка
Цел на обуката
Комуникацијата е есенцијална вештина за успешен бизнис и за успешни лични врски и релации. Комуникацијата има влијание секаде каде што ќе се појавиме - може да ја користиме за да влијаеме врз секоја интеракција на позитивен начин со развивање на неопходните вештини за ефикасно и ефективно комуницирање. Учењето да се комуницира ефикасно е доживотен процес! Добрите комуникациски вештини се клуч за успех!
Работилницата ќе Ви овозможи да ја совладате умешноста на говорење, слушање и размислување – клучни вештини во насока на промовирање на себереализацијата, засилување на самодовербата и кревање на нивото на разбирање меѓу луѓето.
Програмата за комуникација и лидерство е меѓународна образовна програма преку која учесниците низ практични вежби и активности се стекнуваат со стратегии за подобрување на нивните комуникациски вештини. За време на одвивањето на работилницата, учесниците ќе можат да вршат презентации, да се оценуваат меѓусебно, да учествуваат во дискусии. Учењето се одвива во позитивна средина, а во фокусот на сите активности е начинот на кој се пренесува значењето на пораката.
Програмата ќе им овозможи на учесниците да ги совладаат техниките:
-
на организирање презентации и јавно говорење
-
на моќта на говорот;
-
на говорот на телото;
-
на интонацијата при говорењето;
-
на организирање на ефикасни состаноци
-
на позитивна и ефикасна евалуација;
-
за зголемување на самодовербата во јавните настапи и во настапите пред колегите.
Целна група
Оваа програма е наменета за деловните луѓе заинтересирани за подобрување на своите комуникативни вештини и настапи во јавноста.
Реализација на програмата
Програмата ќе се реализира во рамки на дводневна работилница, во шест сесии од по еден и пол час, во кои ќе бидат опфатени следните сегменти:
-
зборување во непредвидени ситуации, без претходна подготовка;
-
говорење за однапред подготвени теми;
-
давање евалуација;
-
разработка на теми важни за остварувањето на целите на програмата:
-
ефикасна организација на јавните настапи;
-
говорот на телото и интонацијата при говорењето;
-
моќ за убедување и мотивирање одржување на интересот на публиката важноста на изборот на зборовите.
Цена
4900 денари + ДДВ. Во цената се вклучени материјали за обуката, освежителни пијалаци и закуска во сабота, кога работилницата трае од 9.00 до 16.00
Комуникација ... вашиот успех зависи од неа |